Санчо казнет поради тоа што се шишал дома

Ѕвездата на Борусија Дортмунд ќе биде казнет од Германската фудбалска федерација поради бизерна причина. Тој заедно со својот соиграч од тимот Мануел Аканџи ги прекршиле препораките за заштита во времето на пандемијата од коронавирусот одлучувајќи без никаква заштита да направат нова фризура.

„Фудбалерите на Борусија Дортмунд Џејдон Санчо и Мануел Аканџи ги прекршиле општите стандарди за хигиена и заштита во време на пандемија од коронавирус. Прекршокот се гледа по објавите на социјалните мрежи. Федерацијата не може да даде информации за висината на казната, а фудбалерите имаат рок од пет дена да поднесат жалба“, стои во одлуката на Фудбалската федерација на Германија. 

Медиумите во Германија пренесуваат дека двоецот на Дортмунд ќе се извлече и нема да добие суспензија, но се очекува да добијат висока парична казна. Шишање во домашни услови имале и уште неколку ѕвезди на тимот, Витсел, Гереиро, Азар и Загаду, но тие нема да бидат казнети бидејќи ги почитувале мерките за заштита.

Се вчитува...