Санчо не сака да си оди од Борусија Дортмунд

Џејдон Санчо е „многу среќен“ во Борусија Дортмунд тврди извршниот директор на клубот, Ханс Јокаим Вацке. Тој смета дека англискиот интернационалец нема да ја напушти Германија претстојново лето и покрај огромниот интерес за него, пред се од Манчестер Јунајтед.

„Џејдон чувствува дека клубот има светла иднина. Би рекол дека не сака да си оди. Имаме добар однос и со него и со неговите претставници. Ќе разговараме. Не се пари во прашање. За нас секако е најдобро да остане“ – вели Вацке.

Санчо во Борусија дојде на последниот ден од преодниот рок во 2017 година кога имаше само 17 години. Игра одлична сезона во германскиот клуб, има постигнато 14 гола и има и 14 асистенции.

Се вчитува...