Сандерленд доведе ново засилувања за кам-бекот во Премиерлигата

Фудбалерот од Демократска Република Конго, Артур Масуаку, потпиша двегодишен договор со Сандерленд, објави англискиот клуб.

Масуаку (31) играше за турскиот Бешикташ во претходните три сезони, а пред тоа беше член на Вест Хем, Олимпијакос и Валенсија.

Минатата сезона одигра 47 натпревари за турскиот клуб во сите натпреварувања. Масуаку е десеттото засилување на Сандерленд во летниот преоден рок. Тој ги помина младинските категории на француската репрезентација, а од 2018 година игра за А-репрезентацијата на ДР Конго.

Заедно со него, во Сандерленд пристигнаа Хабиб Диара од Стразбур, Симон Адингра од Брајтон, Чемсдин Талби од Клуб Бриж, Ноа Садики од Унион Сент Жилоа, Гранит Џака од Баер Левекрузен.

Се вчитува...