Сандро Рамирез потпиша за Евертон

Шпанскиот интернационалец Сандро Рамирез е ново засилување за англискиот премиерлигаш Евертон. Тој денеска потпиша четиригодишен договор со „карамелите“ и ги разреши дилемите околу својата иднина. Членот на младата фудбалска репрезентација на Шпанија до 21 година беше трансферна цел и на европскиот првак Реал Мадрид, но, на крајот сепак пресуди љубовта што Сандро ја има кон Барселона, неговиот поранешен клуб.

Тој од „Камп Ноу“ замина на докажување во Малага, имаше одлична сезона, по што Роналд Куман одлучи да го доведе во Евертон. Ова веројатно значи дека многу брзо од клубот ќе замине Ромелу Лукаку, кој е пред враќање во редовите на Челси.

Се вчитува...