Сандро Тонали промовиран во Тотенхем!

Едвај обезбедија опстанок во неодамна завршената сезона, а сега Тотенхем тргнува кон врвот во Премиерлигата. Откако ги ангажираа Енди Робертсон и Жан Пол вак Хеке, сега го потпишаа и одличниот италијански фудбалер од средниот ред, Сандро Тонали.

Овој трансфер беше најавуван во последните неколку дена, но малкумина кои веруваа дека ќе се случи со оглед дека Италијанецот имаше понуди да замине во далеку поголеми клубови и да игра во Лигата на шампионите идната сезона. Меѓутоа Тонали во изјава демантираше дека имал понуди од неколку клубови, туку дека бил само еден – Тотенхем

Многу сум среќен што сум тука. Кога пристигнав во клубот денес, се чувствував фантастично. Луѓето велеа дека има четири или пет клуба – имаше само еден. Разговарав со главниот тренер речиси два часа за клубот, навивачите, стадионот и нашиот фудбал. Беше како магија бидејќи веднаш знаев дека морам да потпишам за Тотенхем. Играв против Тотенхем неколку пати и секогаш наоѓав одлична атмосфера создадена од одлични навивачи. Едвај чекам да започне сезоната.“, рече Тонали. 

Се вчитува...