Сане не оди со Германија на Купот на конфедерации

Фудбалерот на Манчестер сити, Лирој Сане ќе отсуствува од репрезентацијата на Германија за Купот на конфедерации, поради операција на носот. Фудбалската федерација на Германија денес соопшти дека Сане ќе го пропушти пријателскиот натпревар со Данска на 6. јуни, мечот против Сан Марино во квалификациите за Светското првенство во Русија, а и целото првенство од Купот на конфедерации, кое исто така ќе се одржи во Русија.

„Сакав да играм во Русија, но по консултациите со докторите, одлучив летната пауза да ја искористам за опоравување од операцијата, за да можам новата сезона да ја започнам без никакви потешкотии“ – истакна Сане.

Лирој Сане за „панцирите“ има одиграно шест официјални натпревари. Купот на конфедерации започнува на 17. јуни, а ќе трае до 2. јули. Натпреварите ќе играат во градовите Москва, Санкт Петербург, Сочи и Казањ. Германската репрезентација e во групата Б, и ќе игра против Камерун, Чиле и против Австралија.

Се вчитува...