Сане пред вратите на Баерн Минхен: Сити добива отштета од 60 милиони евра

Лирој Сане и дефинитивно е пред вратите на Баерн Минхен. Германскиот гигант е во завршни преговори со Манчестер Сити за трансферот на Сане кој треба да се официјализира ова лето.

Германски „Билд“ пренесува дека Баерн ги договорил сите лични услови со Сане а остануваат само уште детали околу договорот и со Сити. Сумата која ќе треба да ја платат Баварците е намалена поради повредата на германскиот репрезентативец кој не играше извесен период.

Според последните информации, Баерн Минхен за услугите на Сане ќе плати 60 милиони евра, нешто слично на сумата која Сити ја плати на Шалке во 2016 година.

Баерн Минхен, во меѓувреме, го врза со нов договор и Шпанецот Тијаго Алкантара, кој во Германија е од 2013 година.

Се вчитува...