Селекторот на Грузија, прославениот фудбалер на Баерн Минхен Вили Сањол, ја коментираше ждрепката во Лигата на Нации, која ги додели за противници селекциите на Бугарија, Македонија и Гибрлатар. Тој посебно се осврна на Македонија, и кажа дека кај неговите играчи веднаш била присутна желбата за одмазда за поразот во баражот за пласман на ЕП.
„Се паднавме во интересна група. Грузискиот фудбал и целата репрезентација има непријатни спомени со Македонија. Сигурен сум дека тие ќе сакаат да се одмаздат и кај нив желбата за одмазда ќе биде присутна. Неодамна игравме пријателски меч со Бугарија, но официјалните имаат сосема поинаков контекст. И Гибралтар е селекција која мора да ја цениме. Сигурен сум дека ќе го завземеме првото место во групата доколку ја задржиме дисциплината која ја покажавме во последните неколку месеци“, рече Сањол.
Со цел подобро да се подготви за Лигата на Нации, Грузија ќе одигра два пријателски натпревари во март, кога Македонија ќе игра бараж против Италија за пласман на Мундијалот во Катар.
Македониај натпреварите со Грузија ќе ги одигра на 9. јуни на домашен терен, а на 23. сепемтеври идната година ќе игра на гостински терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА