„Сантијаго Бернабеу“ е градилиште (ФОТО)

Оваа натпреварувачка сезона во Ла Лига ќе се доигра без присуство на публика, па раководството на Реал Мадрид реши поради тоа да го забрза процесот на реновирање на својот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“. Реновирањето беше најавено за 2022 година, но по прекинот поради коронавирусот беше донесена одлука истото да се стартува во мај годинава, па „Бернабеу“ внатре веќе не личи на стадион, туку на градилиште.

Крановите се поставени надвор од фудбалската арена, а на неа може да се забележат бројни багери и камиони, тревнатата подлога веќе ја нема, а се отстрануваат и редови од трибините зад головите.

Реал Мадрид веќе објави дека своите домашни натпревари до крајот на сезонава ќе ги игра на стадионот на младинскиот тим со капацитет од 6.000 местаа, во тренинг-комплексот Валдебедас.

Останува да се види колку ќе трае реновирањето, но и дали шпанските фудбалски власти ќе дозволат присуство на навивачи во следната сезона, со оглед на најавите дека „кралевите“ размислуваат и наредниот шампионат да го стартуваатна овој мал стадион.

Се вчитува...