Поранешниот селектор на португалската репрезентација, Фернандо Сантос држеше предавање во училиште во Португалија каде говореше на повеќе теми.
Сантос се осврна и на желбата и сонот Португалија да стане светски шампион на престојното СП кое ќе се одржи оваа година, а доби и интересно прашање како верата му помогнла во фудбалот, осврнувајќи се на одлуката во финалето на ЕП во 2016 година шанса да му даде на Едер, единствениот стрелец на гол.
„Бог не го интересираат такви работи. Тоа беше чисто тактичка одлука. Се чинеше важно да имаме напред играч кој може да ја држи топката и да им овозможи на другите да „дишат“. Бог многу ми помогна, но емотивно. Ми даде мир и спокој, никогаш не ми дозволи да потонам. Кога не критикуваа дека ремизираме, ми беше многу важни бидејќи ја даде потребен мир.
Да му беше важно, Ватикан би бил шампион. Би им дале шанса на свештеници да играат. Папата би бил тренер и секогаш ќе освојуваа титули“, низ смеа одговори Сантос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

