Фудбалерот на Фиорентина, Рикардо Сапонара со емотивно писмо преку социјалните мрежи се збогува со својот пријател, соиграч, капитен, Давиде Астори. Италијанецот не може да се помири со суровата реалност дека Астори повеќе го нема, откако дефанзивецот вчера почина во сон во својата хотелска соба при престој во Удине пред во пресрет на пресметката против Удинезе.
„Ох капитену, мој капитену… Зошто не дојде со нас на доручек? Зошто не отиде во собата на Марко (Спортиело) да си ги земеш патиките и да дојдеш да го испиеш твојот вообичаен сок од портокал? Сега ќе ни кажат дека животот оди понатаму, дека мора да гледаме напред, но што добро ние ќе видиме од твоето отсуство? Сега кој ќе доаѓа секое утро во нашата кафетерија да не расположи со насмевка како што правеше ти? Кој ќе не праша што сме правеле претходната вечер за да се шегуваме околу тоа? Кој ќе им држи лекции на младите момчиња и кој ќе биде пример за искусните? Кој ќе биде иницијатор на „серва“ на тренинг, кој ќе го „крши“ Марко на „плејстејшн“? Со кого ќе ги дебатираме кулинарските ТВ-емисии и сите претходни натпревари кои сме ги играле? Кој ќе ми стави рака на рамо по секој исцрпителен тренинг? Врати се назад, теба да го догледаш „Ла ла ленд“ за да го анализираш како сите други филмови што си ги гледал. Врати се во Фиренца, треба да потпишеш нов договор со клубот кој ја цени твојата жртва што ја правиш на, и вон теренот. Излези од таа проклета соба, ние те чекаме утре да се појавиш на тренинг. Во животот постојат луѓе кои ги познаваш цел живот, а никогаш не си имал никаква конекција. Додека ти, Давиде, беше посебен човек, ти прв ме пречека во овој клуб со едноставно: Добредојде во Фиренца, Рики“, стои во пораката на Сапонара со фотографијата која ја објави на „Инстаграм“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА