Сара Хектор најдобра на велеслаломот во Крањска гора

Сара Хектор е победничка на велеслаломската трка во Светскиот куп во алпско скијање која што денеска се возеше во словенечки Крањска Гора. Швеѓанката до победата стигна со вкупно време од 2:15.79 минути што беше за 96 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Теса Ворли од Франција.

Подиумот го надополни Марта Басино од Италија која доцнеше 1.32 секунда зад времето на победничката. Водечката во генералниот пласман Микаела Шифрин трката ја заврши на седмата позиција.

Утре на програмата во словенечкиот ски-центар е слаломската трка.

Се вчитува...