Сара Ристовска повторно во Топ 5 најубави голови во ЛШ

Сара Ристовска повторно е дел од Топ 5 листата од најубави голови во Лигата на Шампионите, овојпат освојувајќи го четвртото место на најновото рангирање за натпреварите што беа на програмата изминатиот викенд.

Македонката постигна четири гола за ЦСКА на дуелот со Кристијансанд, а еден од нив, кога беше крунисана беспрекорна акција на рускиот гигант, се најде во Топ 5.

Се вчитува...