Сара Ристовска со нова мајсторија во Топ 5 головите во Лигата на Шампионите (видео)

Сара Ристовска повторно е дел од топ-листата со најубави голови во Лигата на Шампионите. Откако минатиот викенд беше стрелец на најатрактивниот погодок во ЛШ, Македонката овојпат го освои петтото место на најновото рангирање.

Мајсторијата е добро позната, Ристовска од крилната позиција со „вртенка“ ја матираше противничката голманка, за еден од четирите гола со кои нашата интернационалка даде значаен придонес во триумфот на ЦСКА над европскиот првак Вајперс.

На првото место на оваа ранг-листа се најде руската репрезентативка Јулија Манагарова од редовите на Ростов.

 

Се вчитува...