Сара Ристовска: Толку од овој Вардар… сакавме титула, но немавме среќа!

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б. Петрушева, Кристијан Димевски

Разочарана по поразот во финалето на Лигата на шампионите синоќа и македонската репрезентативка Сара Ристовска.

Заокружувајќи ги впечатоците од Ф4 турнирот, Ристовски потенцира дека е жално што Вардар не стигна до трофејот затоа што ова е крај за овој колектив, кој повеќе ќе нема шанса да стигне до европскиот врв.

„Овој клуб веќе нема да постои, се разделуваме сите ние и затоа многу сакавме да ја завршиме оваа сезона со трофеј. Но, немавме среќа да се случи тоа… Се повтори истото од минатата година, бевме толку блиску но ете и во клучните моменти и среќата ни го заврте грбот“ – истакна македонската репрезентативка Сара Ристовски по синоќешното финале во Лигата на шампионите.

Ристовска од следната сезона повторно ќе биде во трка низ Лигата на шампионите во Европа. Но, овој пат со словенечки Крим, каде ја продолжува кариерата!

Се вчитува...