Сара Ристовска во Топ 5 најубави голови во ЛШ

Сара Ристовска доби шанса поради убедливата предност на Вардар противу Битигхајм и македонската репрезентативка одлично се снајде во второто полувреме. Од неколкуте погодоци Ристовска со еден лоб удар успеа да се избори и за место во Топ 5 најубавите голови во Лигата на шампионите изминатиот викенд.

Македонската репрезентативка го освои четвртото место, а на врвот се најде Дора Хорнијак од Ференцварош со извонредниот удар од десетина метри преку живиот ѕид на Мец.

Петте најубави погодоци од петтото коло во главната фаза од ЛШ можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...