Сарачевиќ: На кого да бидам лут? На Кинезите кои јадат лилјаци, на штабот за здравствена заштита или на ЕХФ?

Европската ракометна федерација со своите одлуки поништи речиси се што се случуваше во сезоната 2019/2020 завршувајќи ја на тој начин ракометната сезона. Сето тоа се рефлектираше и на националните сојузи кои ги прекинаа првенствата.

Тренерот на хрватска Подравка, Златко Сарачевиќ околу сето тоа со интересна изјава која веројатно важи за поголемиот дел од шампионатите ширум Европа.

„Многу луѓе ми се јавуваат и ме прашуваат како сум, како се чувствува. Никако. Тоа е одговорот. Се чувствувам бедно и разочарано. На прашањето дали сум лут, им викам на кого да бидам лут? На кинезите кои јадат лилјаци? На Центарот за јавно здравје и на кризниот штаб за здравствена заштита? На ЕХФ или хрватскиот сојуз? Поништија се што се случуваше сезонава, ни избришаа секој момент кој го живеевме на теренот. Но, има тука нешта и кои никој не може да ни ги избрише. Оние полни сали, поддршката од навивачите која ни ја даваа, никој не може да ни ја одземе радоста по секоја победа. Има тука уште многу нешта. Оваа сезона научивме да победуваме, да се радуваме но и да тагуваме. И сето тоа ќе продолжи и понатака само ова се нека се нормализира“ – вели Сарачевиќ.

Се вчитува...