Сараево го избра Македонецот – Васоски доаѓа на „Кошево“

Александар Васоски ќе го има својот прв меѓународен предизвик во тренерската кариера откако стратегот на Академија Пандев постигнал договор со Сараево за да седне на клупата на повеќекратниот првак на БиХ.

Македонскиот стратег денеска имал состанок со челниците на клубот на кои ги презентирал своите планови за работа, со што ги импресионирал водечките луѓе на Сараево. Босанските медиуми информираат дека само неколку часа по тој состанок биле доволни за да биде донесена конечната одлука – токму Васоски да ја добие довербата да го наследи доскорешниот тренер Горан Саблиќ.

Според истите извори, Васоски во следните денови ќе се збогува со својот сегашен клуб Академија Пандев, по што и дефинитивно ќе се пресели на „Кошево“.

Се вчитува...