Сараево испадна по огромна судиска грешка: УЕФА, ова е кражба…, заштитете ги малите земји (ВИДЕО)

Тимот на македонскиот напаѓач Крсте Велкоски, ФК Сараево испадна од Лигата на шампионите со поразот од 2-1 на гостувањето против Динамо Брест. Но, шампионот на БиХ беше жестоко оштетен на дуелот од 2. квалификациско коло.

При водство на домашните од 2-1, Мерсудин Ахметовиќ постигна сосема регулрен гол кој му беше поништен поради наводен офсајд.

По натпреварот, Сараево повлече невообичаен потег. Забрани изјави за јавноста од страна на тренерот и фудбалерите, а место нив се огласи директорката Сабрина Буљабашиќ.

„Загубивме со 2-1 и одлучивме да испратиме силна порака, посебно и во име на помалите фудбалски земји како БиХ. Мора помалите веќе да го подигнат гласот. Тоа што се случи никогаш го немало во фудбалот. Постигнавме чист гол и сите може да го видат тоа. Ќе се погрижиме УЕФА да знае за секој детал од овој натпревар. Никогаш не сум видела вакво судење и вакви грешки. Ова дефинитивно е кражба. Сакаме да испратиме порака затоа што мислиме дека фудбалот мора да биде подобар и посилен и да не заштити нас клубовите од вакви работи. На ваков начин губи фудбалот, а ни остануваат само фрустрациите“ – истакна Буљабашиќ.

  • Спорниот момент е на временскиот исечок 0:45…

Се вчитува...