Сараево ја прифати оставката на Васоски

Сараево ја прифати оставката на македонскиот стратег, Александар Васоски која ја даде по вчерашното реми на Сараево во дербито против Железничар (1-1) и му се заблагодари за ангажманот и работата која ја заврши по доаѓањето во клубот.

Македонскиот стратег го презеде Сараево на почетокот на годината, а со клубот успеа да обезбеди финале во националниот куп на Босна и Херцеговина.

„Ја прифаќам целата одговорност за ситуацијата во која се наоѓаме. Одлуките што ги донесов во претходниот период беа донесени со убедување дека се најдобрите одлуки за клубот во тоа време. Резултатите во спортскиот сегмент покажуваат дека одлуките не биле адекватни и сега сум свесен за тоа. До денеска, заедно со мојот партнер  Тан, вложив огромни финансиски средства во Клубот и подготвени сме да инвестираме 10 пати повеќе за нашиот град и нашиот клуб. Нашата мотивација денеска е поголема отколку вчера и мојата верба во потенцијалот на Сараево расте од ден во ден. Ова е мојата животна определба. Нашиот град, нашиот клуб и нашето бордо семејство го заслужуваат тоа, а минатото и традицијата на ФК Сараево ме обврзува на тоа. Во наредниот период ќе донесеме нови одлуки со цел да го подобриме клубот во секој сегмент“, изјави претседателот на Управниот одбор, Исмир Мирвиќ.

Се вчитува...