Сараево на македонски погон до финале во купот на БиХ

Фудбалерите на Сараево се првите финалисти во националниот куп на Босна и Херцеговина откако денеска славеа и на реваншот против Ингман со 0-2.

Стрелец на првиот погодок за сараевчани на кои е тренер Александар Васоски беше поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велковски. Велковски со овој гол стигна до бројката од 64 голови за тимот од главниот град на Босна и Херцеговина и со тоа влезе во топ 10 на вечната листа на овој клуб. Третиот Македонец во клубот, Даниел Аврамовски не настапи на овој меч, иако беше стрелец на првиот дуел од оваа фаза.

Во финалето Сараево ќе се сретне најверојатно со Вележ од Мостар кој по првиот меч има убедлива предност од 4-0 против Тузла.

Се вчитува...