Сари: Азар ќе биде најдобар во светот!

Челси тргна победнички во Премиер – лигата и по пет кола има максимален ефект од 15 бода, а новиот менаџер Маурицио Сари е восхитен од игрите на белгискиот интернационалец Еден Азар. Тој остана на „Стемфорд бриџ“ иако имаше понуда од Реал Мадрид, а имаше одлично издание на вчерашниот дуел против Кардиф постигнувајќи хет – трик во триумфот од 4-1.

„Азар е фантастичен. Знаев дека е одличен играч и пред да дојдам во Челси, но сега кога работам со него секојдневно убеден сум дека тој ќе биде најдобар во светот. Му одговара да биде поблиску до противничкиот гол и има потполна слобода во играта. Тој може да постигне 40 гола оваа сезона“, изјави Маурицио Сари.

Се вчитува...