Сари: Азар може да даде 40 гола, му фалат само уште 33

Еден Азар продолжи со одлични настапи и на дербито со Ливерпул, на кое Белгиецот му донесе предност на Челси што сепак се покажа недоволна за „сините“ да му го нанесат првиот пораз сезонава на големиот ривал. Стратегот Маурицио Сари имаше само пофални зборови за играта на Азар, од кого очекува голгететерската серија да ја продолжи во теекот на целата сезона.

„Верувам дека Азар е способен да постигне 40 гола сезонава, веќе има седум така што му недостигаат само уште 33. Можеби за некого прогнозата е преоптимистичка, но јас верувам во него, а Азар ќе стори се за да ги исполни мооите очекувања. Тој е нашиот лидер, но целта е во Челси да имаме барем 4-5 играчи кои ќе реализираат двоцифрен број на голови, за да не зависиме само од еден фудбалер“ – изјави Сари.

Челси по седмото коло во Премиер-лигата има 17 бода и се наоѓа на третото место, со два бода заостанување зад водечките Манчестер сити и Ливерпул.

Се вчитува...