Сари: Азар може да стане подобар и од Меси и Роналдо

Маурицио Сари успеа да го убеди Еден Азар да остане во Челси, а сега италијанскиот стратег си постави пред себе висока цел – да го направи Белгиецот најдобар фудбалер на светот. Меси и Роналдо се менуваат на врвот на светскиот фудбал во последните десетина години, јасно е дека и двајцата се приближуваат до залезот на кариерата, па Сари верува дека Азар со неколку корекции во играта на Азар може да помогне белгискиот ас да се најде на тронот.

„Ако гледаме пет години наназад, Роналдо играше како напаѓач, Меси исто така, а Азар најчесто беше крило. Тој може многу подобро, знам дека Еден Азар е еден од најдобрите играчи во Европа, но јас сум убеден дека може да игра многу подобро. Азар може да биде подобар од Меси и од Роналдо, доволно е технички поткован, има чувство за постигнување на гол, но сепак се зависи од него, да увиди каде може да напредува и да работи на тоа. Физичкиот аспект сигурно е една од тие работи“ – изјави Сари.

Еден Азар влезе во второто полувреме на премиерниот дуел со Хадерсфилд, но се очекува да биде „стартер“ на денешното градско дерби против Арсенал.

Се вчитува...