Сари: Челси е виновен за хаосот… Мурињо: Секој може да згреши

Стратегот на Челси, Маурицио Сари, се извини за однесувањето на својот помошник во финишот од големото дерби со Манчестер јунајтед, кога едвај беше спречена тепачка со Жозе Мурињо.

„Да бидам искрен, го славев голот и не забележав што точно се случи. Потоа разговарав со Жозе Мурињо и јасно ми е дека ние сме виновни за она што се случи. Зборував со членот на мојот стручен штаб и проблемот е решен. Казната ќе биде решена дополнително“ – истакна Сари.

Самиот Мурињо не сакаше да се навраќа на ситуацијата, откривајќи дека го прифатил извинувањето од страна на противничкиот стручен штаб.

„За она што се случи на крајот… Сари дојде и ме увери дека тој ќе го реши проблемот. По натпреварот неговиот асистент дојде и лично да ми се извини. Тој делуваше искрено, јас прифаќам искрени извинувања, јасно е дека направи грешка, но нема да го убиеме поради тоа“ – изјави Жозе Мурињо.

Се вчитува...