Сари: Да беше друг на местото на Роналдо немаше ни да игра

Јувентус го совлада Милан со 1-0 со голот на Пауло Дибала, откако Маурицио Сари го повлече од игра Кристијано Роналдо во 55.минута, за да му даде шанса на Аргентинецот. Португалецот реагираше бурно при излегувањето од теренот, гестикулираше, веднаш замина во соблекувалната, а италијанските медиуми открија и дека го напуштил стадионот пред завршувањето на натпреварот.

Сепак, Маурицио Сари застана во одбрана на најголемата ѕвезда, не сакајќи да предизвикува дополнителна нервоза.

„Не знам дали Роналдо го напуштил стадионот пред крајот на мечот затоа што не влегов во соблекувалната после завршувањето на натпреварот. Но, мора да напоменам дека други фудбалери и воопшто не би играле во неговата ситуација со оглед на здравствената состојба. Ако се налутил поради замената, тоа ми е посебно драго, пто значи дека сака секогаш да биде на теренот и да го даде најдоброто за тимот“, изјави Маурицио Сари.

Кристијано Роналдо веќе подолг период се мачи со повреда на скочниот зглоб.

 

Се вчитува...