Сари: Давид Луиз е клучен играч за Челси

Давид Луиз во последните месеци од ланската сезона беше избришан од страна на Антонио Конте, па се очекуваше бразилскиот дефанзивец да биде еден од првите што летово ќе си заминат од „Стемфорд бриџ“. Не само што тоа не се случи, туку Луиз успеа да го импресионира новиот стратег Маурицио Сари, па сега повторно е клучен играч во обраната на Челси.

Италијанскиот стручњак јасно стави до знаење дека нема намера да го продаде поранешниот ас на ПСЖ и на Бенфика, гледајќи во него значаен адут во играта за новата сезона.

„Давид Луиз има иднина во Челси и не само тоа, очекувам тој да биде еден од нашите главни играчи во одбраната. Тој работи напорно на тренинзите, одлично влијае врз атмосферата во соблекувалната, а придонесува и при креација на акциите кога тргнуваме од сопствениот шеснаесетник“ – изјави Сари.

Се вчитува...