Сари дојде на тренинг, ќе може ли да го води Јуве со Наполи?

Атмосферата на денешниот тренинг на Јувентус се крена на највисоко можно ниво откако во тренинг-комплексот се појави и Маурицио Сари. Тренерот на „старата дама“ поради пневмонија не ги водеше тренинзите во изминатите десетина дена, ниту пак се најде на клупата на отворањето на сезоната против Парма.

Јувентус преку клупско соопштение објави дека Сари ќе ги пропушти првите две кола од новата сезона, но подобрувањето на здравствената состојба на тренерот може да придонесе тој следниот викенд да се појави на „Алијанц Арена“ во Торино. Мотив повеќе за него е фактот дека ривал ќе биде поранешниот клуб Наполи, од чии навивачи Сари беше жестоко критикуван по одлуката да си замине од Челси и да се пресели на клупата на „старата дама“.

Арон Рамзи не тренираше ниту денеска и речиси сигурно ќе го пропушти натпреварот против Наполи, a се очекува за разлика од првиот меч со Парма, на дербито со Наполи во стартниот тим да се појави Рабио.

Се вчитува...