Сари има пневмонија, го пропушта стартот на сезоната?

Тренерот на Јувентус Маурицио Сари најверојатно ќе го пропушти стартот на новата сезона, откако му е дијагностицирана пневмонија. Искусниот стратег минатата седмица добил грип поради кој за време на викендот ги пропуштил тренинзите на Јувентус.

„Во текот на минатата седмица Маурицио Сари доби грип, поради кој одлучивме дека треба да одмори. По дополнителните прегледи клупските лекари открија дека тој има добиено пневмонија, поради која за жал најверојатно ќе мора да го пропушти стартот на новата сезона во Серија А“, стои во соопштението од клубот. 

По дополнителните испитувања клупските доктори му откриле на Сари пневмонија поради која ќе мора да го пропушти и почетокот на новата сезона. Јувентус во воведното коло од новата сезона во Серија А во сабота ќе и гостува на Парма.

Се вчитува...