Англискиот премиерлигаш Челси ќе го засилува нападот во зимскиот преоден рок. Менаџерот Маурицио Сари сака да го доведе Калум Вилсон, напаѓачот на Борнмут на „Стемфорд бриџ“ и за тоа е подготвен да плати 30 милиони фунти. Италијанскиот стратег смета дека Вилсон одлично би се вклопил во неговата формација и би бил големо засилување за вториот дел од сезоната.
Од Челси најверојатно ќе си заминат Алваро Мората и Оливие Жиру, кои не ги исполнија очекувањата. Токму затоа Сари инсистира да доведе ново име во навалната линија, а изборот падна токму на напаѓачот на Борнмут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА