Сари мора да го намали фондот на фудбалери во Јувентус, во јануари заминуваат тројца

Италијанскиот првак Јувентус има преголем фонд на фудбалери во професионалниот состав и раководството на клубот го притиска тренерот Маурицио Сари да го скрати списокот. Во зимскиот преоден рок најмалку тројца фудбалери ќе мора да си заминат.

Медиумите на Апенините ги открија и нивните имиња. Марио Манџукиќ не се вклопува во концепцијата на Сари и требаше да си замине уште ова лето, но неколку обиди за трансфер му пропаднаа. Имаше опции да замине и во Англија и во Германија, на крајот доби понуда и од Катар, но реши да остане во Торино до зимскиот преоден рок.

Вториот Хрват Марко Пјаца е исто така меѓу фудбалерите кои ќе треба да заминат. Тој најверојатно ќе оди на позајмица во некој друг италијански клуб. Торино ќе мора да го напушти и голманот Матија Перин.

Се вчитува...