Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари изјави дека близок пријател во 2003 година му кажал дека тој и Масилијано Алегри никогаш нема да станат тренери.
„Јас го водев Санџованезе со кој игравме против Алиансе на Алегри. Беше тоа 16. ноември 2003 година во Серија Ц2, а на мечот беа само 1400 навивачи. Мечот заврши без голови. Тогаш никој не веруваше во нас двајца. Се сеќавам дека еден близок пријател по натпреварот ми кажа: Ако вие двајца станете тренери, тогаш може секој“, изјави Сари.
Сари годинава го замени токму Алегри на клупата на најтрофејниот клуб во италијанското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА