Сари: Од почеток до крај игравме како што не треба

Пред само една седмица Наполи беше симбол за храброст на сите ривали на Јуве, желни да видат како „старата дама“ останува без скудето. Сепак, „наполитанците“ по еуфоријата и триумфот во Торино паднаа веќе на првата наредна пречка, губејќи со 3-0 на гостувањето против Фиорентина, па сега на три кола до крајот имаат огромни четири бода заостанување зад лидерот на табелата.

Тренерот Маурицио Сари по вчерашниот пораз гласно ги критикуваше своите фудбалери за погрешниот пристап во натпреварот против секогаш незгодниот ривал од Фиренца.

„Oва беше лоша тимска претстава, вината не треба да се бара во било кој играч, туку во целокупниот колектив. Не знам дали победата на Јувентус над Интер влијаеше, но ние од почеток до крај не игравме како што треба. Пристапот беше погрешен, а квалитетен ривал како Фиорентина знаеше како да го казни тоа. Секако дека црвениот картон на самиот почеток ни ја искомпликува ситуацијата, но во секој случај моравме да играме тактички позрело, тука целосно потфрливме“ – изјави Сари.

Се вчитува...