Сари остана без уште еден првотимец пред Лацио

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, се соочува со сериозни проблеми со составот во пресрет на дербито со Лацио, што ќе се игра в сабота на „Олимпико“.

Сами Кедира ќе мора да замине на операција, а Сари згора на тоа остана и без услугите на Арон Рамзи, кој ја обнови повредата на мускулот на левата нога. Првичните прогнози се дека повредата не е премногу сериозна, но Рамзи нема да може да тренира во следните денови, со што отпаѓа од комбинација за дуелот со „лацијалите“.

Покрај Кедира и Рамзи, тренерот на Јувентус за гостувањето во Рим нема да може да смета ниту на Даглас Коста, како и на искусниот Кјелини, кој е повреден од стартот на сезонава.

Се вчитува...