Сари планира ЦР7 да стане ЦР9

Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари го прекина, на кратко, одморот на Кристијано Роналдо посакувајќи да поразговара со него за плановите за идната сезона.

Сари е познат по тоа дека сака да воспостави искрен и директен однос со сите свои фудбалери, па така и со Роналдо пред кого ги искажал своите размислувања и за неговата идна улога во тимот.

„Сакам да разберам што вистински играчите мислат за себе, почнувајќи од најважниот“ – рече Сари на претставувањето во Јувентус.

Па, Сари веќе му најавил на Роналдо дека сака да го постави поофанзивно во тимот, поблиску до голот како би му ја зголемил ефикасноста и би му помогнал да го сруши рекордот по број на голови во една сезона. Што би се рекло сака да го види како класична „деветка“. ЦР7 во иднина да биде ЦР9, само без промена на бројот на дресот.

Сари смета дека Роналдо оваа сезона треба да атакува на 40 погодоци, квота која во Реал Мадрид трипати ја надминуваше.

Се вчитува...