Сари: Поважно од тоа што сме на врвот е дека го победивме Интер во Милано

Шампионот Јувентус е повторно на врвот во Серија А. Ја сопре непобедливоста на Интер, славеше со 1-2 во „дербито на Италија“ и со бод предност пред „нероаѕурите“ се искачи на првата позиција на табелата.

Тренерот Маурицио Сари е задоволен од триумфот, но и од играта и карактерот на тимот. Вели дека во овој период од сезоната не е најважно дека се на врвот, туку дека ги победија двата големи ривали за титулата, Наполи и Интер.

„Задоволен сум од триумфот, но пред се од играта на тимот. Покажавме карактер, победнички менталитет. Сега сме на првото место, но мене ми е поважно што го победивме Интер во Милано. Претходно го добивме и Наполи, тоа се победи кои го засилуваат карактерот на екипата. Бевме многу добри во сите сегменти, иако сакам уште подобро да играме пресинг, да ги освојуваме топките во средината на теренот и да не правиме грешки во одбраната. Де Лихт? Немам замерки, јасно е дека се уште се прилагодува на италијанскиот фудбал“, изјави тренерот на Јувентус по триумфот над Интер на „Џузепе Меаца“.

Се вчитува...