Сари прави ремонт во Јувентус – заминуваат клучни фудбалери

Маурицио Сари е нов тренер на италијанскиот шампион Јувентус, а со неговото доаѓање на клупата на „старата дама“ се очекуваат и големи промени во тимот, пренесуваат италијанските медиуми.

Една од главните цели на искусниот стратег е аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди, кој не е задоволен од амбициите на Интер. Доколку Икарди потпише за тимот од Торино, најверојатно Марио Манџукиќ ќе мора да бара нов ангажман. Покрај Маџукиќ еден од најзагрозените е и репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ. Сари во своите редови сака да ја доведе ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, кој пред некое време самиот изјави дека е време за нов предизвик, најавувајќи го заминувањето од „Олд трафорд“.

Покрај Погба и Икарди, Јувентус во своите редови ќе се обиде да ги донесе и Бразилецот Маркињос кој треба да го пополни заминувањето на Андреа Барзаљи, кој стави крај на кариерата, како и искусниот бек на Реал Мадрид, Марсело, кој е добар пријател со првата ѕвезда во тимот Кристијано Роналдо.

Се вчитува...