Сари: Проблемот е во главата на играчите, тоа нема врска со тактика

Маурицио Сари има причина за загриженост по новата слаба партија на Јувентус и неочекуваниот пораз на гостувањето против Верона. „Старата дама“ со тоа им дозволи на ривалите да ја стигнат во трката за скудетото, а Сари смета дека проблемот на неговиот тим е психолошки, а не тактички.

„Проблемот е во главата на играчите, бидејќи ако главата не е на место, секоја тактика е залудна. Тоа е нашиот проблем, кој не е тактички и дефинитивно ни треба помош за да го надминеме. Имаме голема разлика во настапите дома и на гостински терен, тоа се одразува сериозно и во резултатите. Знаевме како ќе игра Верона, дека ако ги издржиме почетните 20 минути пресинг ќе ни се отвори простор. Имавме шанси, двапати ја погодивме гредата, а потоа во второто полувреме стигнавме и до водство. Не сакам ниту да го коментирам првиот примен гол, кој е недозволив, a со кој домаќинот се врати во мечот“, изјави Сари.

Јувентус има само три бода предност во однос на Интер, четири плус пред Лацио, но и „нероаѕурите“ и „лацијалите“ вечерва ги играат своите натпревари од ова коло.

Се вчитува...