Сари прв кандидат за наследник на Алегри

Маурицио Сари е главен кандидат за тренерската позиција во Јувентус. Потрагата на италијанскиот шампион по нов тренер застанала кај предводникот на Челси кој би можел да го напушти премиерлигашот по само една сезона.

Ваквите тврдење дополнително ги подгреваат и информациите дека Челси го резервирал Франк Лампард за менаџерското место. Јувентус минатата недела објави дека по пет години Масимилијано Алегри си заминува, а како потенцијални негови наследници клубот ги разледувал и Симоне Инзаги, Маурисио Покетино и Синиша Михајловиќ.

Сепак Сари кој минатата сезона со Наполи му задаваше главоболки на Јувентус се пробил на пол позицијата меѓу кандидатите особено што Антонио Конте кој го водеше Јувентус од 2011 до 2014 година не е во игра бидејќи веќе се договорил со Интер.

 

 

 

Се вчитува...