Сари се налути, си оди од Наполи

Иднината на Маурицио Сари како тренер на Наполи е уште повеќе доведена во прашање по неуспешните преговори за нов договор меѓу двете страни. Челниците на Наполи се обидуваат да го убедат Сари да се обврзе на долгогодишна верност нудејќи му договор од четири милиони евра по сезона (моментно заработува 1,4 милиони годишно), но последните информации говорат дека одличниот стручњак решил да ги прекине преговорите до крајот на сезонава.

Сомнежите на тренерот не се однесуваат на висината на платата (иако Арсенал и Монако му подготвија по шест милиони евра годишна плата), туку на недоволната амбициозност на управата на Наполи. Имено, Сари не ги добил потребните ветувања за буџет за засилувања, со што би можел да се носи со Јувентус, но и со Интер, Милан и Рома, кои најавуваат нови врвни фудбалери за следната сезона. Во една таква ситуација, доколку ставот на управата во меѓувреме не се промени, Сари ќе размислува за заминување од Неапол и прифаќање на една од неколкуте понуди што ја има од врвните клубови ширум Европа.

Се вчитува...