Сари се опорави, повторно ги води тренинзите на Јувентус

Италијанскиот стратег Маурицио Сари повторно ги води тренинзите на Јувентус, откако се опорави од запалениот на белите дробови. Болеста на искусниот стратег му беше дијагностицирана на средината на август, поради која мораше да ги пропушти првите два меча во Серија А против Парма и Наполи.

Тој се појави во тренинг-кампот на Јувентус, но се уште само делумно ќе ги води тренинзите. Како што се наведува во соопштението од клубот, тој уште се опоравува. Претходно, преку камера ги следеше тренинзите на својот клуб, а константно беше и во врска со својот помошник Џовани Мартушел. Неговото враќање на клупата на Јувентус се очекува да се случи по завршувањето на репрезентативната пауза.

Се вчитува...