Сари: Шестмина мора да си заминат од Јувентус

Италијанскиот првак Јувентус мора да се ослободи од најмалку шестмина фудбалери до крајот на летниот преоден рок, истакна тренерот Маурицио Сари. Откако пропадна можноста дел од нив да се преселат во Премиер – лигата, а беа најавувани трансфери на Дибала, Кедира и на Ругани, сега останува раководството на клубот да преговара за нивно заминување во останатите лиги.

„Кога некогаш ќе прочитам весниците, многу се изненадувам. Најавувате нови засилувања, но ние мораме да се ослободиме од шест играчи за да се вклопиме во составот за Лигата на шампионите. Тоа е ситуација која мораме да решиме во наредниот период“, изјави Маурицио Сари.

За Дибала е заинтересиран ПСЖ, но фудбалерот е цврсто решен да остане во Торино. Пред заминување се и Манџукиќ, Игуаин, Перин, Кедира, Ругани…

Се вчитува...