Сари: Ситуацијата со Азар мора да биде разрешена

Менаџерот на Челси, Маурицио Сари отворено го искажа незадоволството од неизвесната ситуација околу иднината на Еден Азар во клубот. Тој повика „Сините“ да ја разрешат ситуацијата за да може да бидат правени планови за иднината. Белгиецот е одличен во дресот на лондонскиот тим, но постојано флертува со Реал Мадрид кој пак е очигледно заинтересира за него.

„Време да биде донесена одлука. Ова мора да го разрешиме за да ја програмираме иднината. Ситуацијата е проблем на клубот. Јас со него разговарам само за работите кои се поврзани со теренот“ – изјави Сари.

Договорот на Азар со Челси истекува во 2020 година. Тој во моментов има 300 000 фунти неделна плата. Уште од лани клубот неуспешно се обидува да преговара за продолжување на постоечкиот договор.

Се вчитува...