Сари со порака до Дибала: Не ми требаш во Јувентус

Пауло Дибала е чекор поблиску до заминување од Јувентус откако денеска и од страна на тренерот Маурицио Сари му било соопштено дека нема да се смета сериозно на неговите услуги во наредната сезона. Аргентинецот денеска пристигна во Италија за да се приклучи на подготовките на „старата дама“, по што најпрвин му беше соопштено дека нема да може веднаш да ги мине лекарските прегледи, за потоа да има и разочарувачки разговор со новиот тренер на екипата.

Желба на Дибала беше да остане во Јуве и да се обиде да си го врати првотимскиот статус што го загуби минатата сезона кај Алегри. Сепак, Сари останал „на иста линија“ со управата, соопштувајќи му на аргентинскиот напаѓач дека најдобро за сите ќе биде тој да си замине. Сари посочил дека Дибала е одличен фудбалер, но дека како партнер во нападот на „старата дама“ не би се снашол толку добро колку Лукаку или Икарди.

Целта е јасна, Аргентинецот да биде искористен во преговорите за ангажман на нов голгетер. Дибала во текот на вчерашниот ден ја одби понудата на Јунајтед, но по ваквиот развој на настаните можно е да го промени ставот на оваа тема. Директорот на Интер, Џузепе Марота, исто така е сериозно заинтересиран за одличниот напаѓач, разговарајќи за директна размена – Дибала за Икарди.

Се вчитува...