Сари со посебен режим за Де Лихт – Прво настава, потоа диета

Еден од најдобрите млади фудбалери во светот Матијс де Лихт дојде како големо засилување во Јувентус, но на почетокот на сезоната не ги оправда очекувањата. Лошите игри го принудија тренерот Маурицио Сари да му воведе на Де Лихт посебен режим на исхрана кој ќе ја подобри неговата игра.

Сари им наредил на клупските нутриционисти Де Лихт да добива посебни оброци со помалку количина на јаглехидрати и да јаде што повеќе оброци со животински и билни протеини. По неговото мислење диетата би требало да ја зголеми цврстината во дуелите, како и агресивноста, а со овој вид на диета во Наполи од Сенегалецот Калиду Кулибали направи еден од најдобрите дефанзивци во светот.

Исто така со младиот холандски дефанзивец индивидуално се работи на тактичката подготвеност, која мора да ја подобри.

Се вчитува...