Сари: Тери е добредојден во Челси

Џон Тери се уште е без ангажман по истекот на договорот со Астон вила, англискиот ветеран неодамна одби понуда од Спартак Москва, а според последните информации 37-годишниот дефанзивец сериозно размислува дали да ја продолжи играчката кариера. Доколку тоа не се случи, во преден план е Челси, од каде Тери веќе доби понуда за враќање назад на „Стемфорд бриџ“ од страна на Маурицио Сари.

„Челси е домот на Џон Тери, добредојден е во клубот, но тој треба да ја донесе таа одлука. Ако сака да игра, тоа е негово право и може да се обиде да си најде клуб. Ако реши да се врати во Челси и да ни помогне, јас ќе бидам среќен. Тој го знае мојот став и треба самиот да ја донесе одлуката“ – изјави Сари.

Џон Тери мина 19 сезони во Челси, освои бројни титули со лондонскиот клуб, по што ланската година реши да си замине и се пресели во Астон вила, клуб со кој не обезбеди пласман во Премиер-лигата.

Се вчитува...