Саркастично или не, Гвардиола си кажа: Имаме многу пари, купуваме се и сешто, и победуваме!

Борусија Менхенгладбах беше нова жртва на Манчестер сити кој изгледа незапирливо во походите во Англија и во Лигата на шампионите.

По синоќешната победа во ЛШ од 0-2 против Менхенгладбах, Гвардиола на прес-конференцијата доби прашање како ја објаснува неверојатната низа победа од 19 по ред. Пеп одлучи да биде саркастичен и кратко одговори…

„Имаме многу пари и може да купиме се што сакаме од фудбалскиот пазар, може да купиме неверојатни фудбалери. И тогаш, нормално победуваме“ – изјави шпанскиот стратег, кој сосема јасно сето тоа го потенцираше цинично поради постојаните приказни за парите кои Сити ги троши на фудбалери.

Се вчитува...