Тренерот на Партизан, Саша Илиќ беше задоволен од играта на неговиот тим во победата од 2-1 над шпански Гетафе, но разочаран поради елиминацијата од Европа, поради оној пораз во Шпанија од 3-1.
Сепак, прашањата за неговата иднина и најавената оставка на клупското раководство беа во центарот на вниманието по синоќешниот натпревар во Белград, на кој Партизан во секој случај одигра одлично.
На прашањето дали ќе остане тренер на Партизан, Илиќ не сакаше да одговори.
„Ова е конференција каде што зборуваме за Гетафе, нема потреба да зборуваме за таа тема. Зборуваме за овој натпревар кој не заврши како што очекувавме“, рече Илиќ.
Кога повторно го прашаа за неговата иднина, тој повторно избегна конкретен одговор.
„Мислам дека минатиот пат, ако не се лажам, реков да не брзаме. Полека. Ве молам, ајде да зборуваме за натпреварот со Гетафе, а останатото оставете го за потака“, рече тренерот на црно-белите.
Потоа Илиќ зборуваше за самиот натпревар и истакна дека го гледа Партизан онаков каков што сака да го види.
„Ова е Партизан што сакам да го тренирам. Ова е Партизан што сакам да го гледам“, рече Илиќ и им се заблагодари на навивачите за нивната „огромна поддршка“.
Тренерот на Партизан верува дека неговиот тим бил подобар противник во реваншот и дека можеби заслужил пласман во Конференциската лига.
„Партизан беше подобар тим, Партизан имаше повеќе шанси. Можеби заслуживме да се пласираме понатаму и да играме во групната фаза“, истакна Илиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
