Саша Илиќ се премисли, останува тренер на Партизан

Саша Илиќ ќе остане шеф на стручниот штаб на Партизан откако поранешниот капитен се премисли по поднесената оставка и реши да ја продолжи авантурата како предводник на белградските „црно-бели“.

Илиќ си поднесе оставка заедно со целокупната управа по последното фијаско во домашното првенство, а европскиот дуел со Хетафе требаше да биде последниот дуел на кој овој стратег ќе седи на клупата.

Сепак, легендата во изминатите денови доби огромна поддршка од сите страни, играта со Хетафе беше на далеку повисоко ниво отколку на претходните дуели, што придонесе и самиот Илиќ да ја преиспита првичната одлука.

Како што информираат српските медиуми, Саша Илиќ на крајот сепак пресекол на радост на навивачите, да остане во Партизан, одлука што се очекува да ја потврди на утрешната веќе закажана прес-конференција.

Се вчитува...