Сасуоло го изненади Комо и го оддалечи од ЛШ (ВИДЕО)

Луди пет минути имаше натпреварот помеѓу Сасуоло и Комо, во кој триумфираа изненадеувачки домашните, и така го оддалечија амбициозниот Комо од место во Лигата на шампионите.

Сите три гола во триумфот на Сасуоло се случија во пет минути. Најпрво Волпато во 42. минута го отвори резултатот, а потоа Нзола во 44. минута зголеми на 2-0. И кога се чекаше крајот на полувремето, во втората минута од судиското надополнување Паз успеа да погоди и да намали.

Но, во вториот дел немаше промена на резултатот, па така Сасуоло стигнува до сензационален триумф, додека четата на Цеск Фабрегас направија огромен чекор назад кон место во европската „елита“.

Се вчитува...